Facebook добива нова улога, да ја научи апликацијата Messenger да му го пласира, по пат на реклама, она што корисникот го сака.
Корисниците и трговските фирми ќе можат да користат chat ботови на Messenger за праќање реклами до корисниците кои ги користеле нивните услуги, а потоа и на сите корисници на таа апликација, а ќе се користат со алатки за целно рекламирање.
Рекламите ќе имаат рекламна порака, линк до производите и слика која му се нуди на потенцијалниот купувач. На пример, доколку со некого зборувате за подароци и се задржите на некоја идеја, во иднина ќе примате реклами во кои ќе ви бидат понудени токму такви производи од вашата непосредна близина, поточно во градот и земјата каде што живеете.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град