Турција: Експлодира автомобил бомба по апсењето на курдските лидери

Во рамките на антитерористичките истраги уапсени се 11 прокурдски пратеници, меѓу нив и претседателите на партијата

 |  инфодеск  | 

Само неколку часа по приведувањето на политичарите на ХДП во упориштето на Курдите, градот Дијарбакир на југоистокот на Турција се случи голема експлозија во близина на една полициска станица. Притоа, како што утрината соопшти турскиот премиер Јилдирим загинале осум лица, а повеќе од 100 биле повредени. Според наводи на властите станува збор за напад со автомобил-бомба.

Претходно турското министерство за внатрешни работи во рамките на антитерористичките истраги притворило 11 прокурдски пратеници, меѓу нив и претседателите на партијата. Во соопштението се наведува дека притворени се Селахетин Демирташ и Фиген Јуксекдаг, претседавачи на Народната демократска партија (ХДП), како и други високи претставници на партијата. Тие се осомничени за терористичка пропаганда.

Демирташ важи за еден од најважните ривали на претседателот Ердоган. Шефот на ХДП бара автономија за курдските области. Затоа Ердоган во минатото повеќепати го обвинуваше за „предавство“.

Ситуацијата на југоистокот на Турција, кој е претежно населен со Курди и натаму ескалира по прекинот на огнот меѓу ПКК и турската армија во јули 2015 година. Оттогаш наваму во вооружените насилства во регионот загинале повеќе од 600 припадници на безбедносните сили и повеќе од 7000 борци на ПКК.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top