Хилари Клинтон и Доналд Трамп ќе ја имаат последната, трета претседателска дебата, што ќе се одржи на Универзитетот на Невада, во Лас Вегас.
Темите на дебатата ќе бидат обврските и правата во САД, имиграцијата, економијата, Врховниот суд, меѓународните кризни жаришта, квалификуваноста на кандидатите.
Врховниот суд е особено важна тема за Републиканската партија, зашто новиот претседател на државата ќе има право да номинира судија кој ќе го заземе местото на минатата година починатиот конзервативец Антонин Скалија.
Ако стане претседател Клинтон, од нејзиниот избор/номинација на судија ќе зависи колку Врховниот суд ќе биде либерален на еден подолг период, бидејќи судиите во него остануваат доживотно. Освен ова, тројца од деветмината судии на овој суд ќе бидат над осумдесетгодишни за време на манадатот на слединиот претседател, така што, можно е тој да треба да прави уште номинации (ако некој од судиите почине).
Инаку, Клинтон пред вечерашната дебата е во подобра позиција – поради скандалите што го следат Трамп (со објавените вулгарни изјави за жените од пред 11 години), но и поради послабото претставување (во однос на Хилари) на претходните две ТВ-дебати.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град