Опозицијата во Црна Гора не ги признава резултатите од изборите

Јасно е дека во атмосфера на државен удар не може да се одржат слободни, фер и чесни избори

 |  инфодеск  | 

Претставниците на четирите црногорски опозициски партии Демократски фронт, Големата коалиција „Клуч“, Демократската партија и Социјалдемократската партија, одржаа во понеделникот вечерта состанок на своите раководства на кој е одлучено дека нема да ги признаат резултатите од неделните парламентарни избори.

Опозицијата вели дека не може изборите да бидат фер и демократски кога истовремено во Црна Гора имало случај за државен удар, што се разбира дека имало влијание на конечните резултати, јавува „Вијести“.

„На денот на изборите беше објавено дека се уапсени 20 државјани на Србија, осомничени дека имале намера да го уапсат премиерот Мило Ѓукановиќ, да преземат некои од државните институции и да пукаат по граѓаните“, велат од опозицијата.

Освен тоа, велат претставниците на овие четири опозициски партии, и за време на изборниот процес имало многу злоупотреби, најбројни од воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора.

Јасно е дека во атмосфера на државен удар не може да се одржат слободни, фер и чесни избори, велат опозиционерите.

Тие бараат формирање на независна комисија, која заедно со претставници на меѓународната заедница ќе ги испитаат сите факти во врска со наводниот државен удар и на јавноста да ќе им ги соопштат имињата на извршителите и наредбодавачите на ова кривично дело.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top