На изборите во Црна Гора победи Ѓукановиќ

ДПС освоила 41,1% од гласовите и 36 пратеници

 |  инфодеск  | 

Владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ победи на вчерашните парламентарни избори во Црна Гора, освојувајќи најмногу гласови, но не и апсолутно мнозинство во Парламентот.

Како што јави Танјуг, според резултатите од 94% обработени гласачки места, ДПС освоила 41,1% од гласовите и 36 пратеници во 81-членото Собрание на Црна Гора.

На второто место се пласира опозискиот блок Демократси фронт со 20,4% освоени гласови и 18 мандати, а на третото место Големата коалиција “Клуч“ со 10,6% од гласовите и девет пратеници.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top