Samsung го стопира производството на Note7

Се работи за уред на кој требаше да биде исправена грешката

 |  инфодеск  | 

Samsung Electronic го стопира производството на својот предводник Galaxy Note7 по објавите дека уредот повторно се самозапалува, открива извор за Reuters.

Големите американски и австралиски оператори, исто така, ја стопираа продажбата на новите уреди откако еден авион морал принудно да слета во САД поради чад кој излегувал од еден Note7.

Се работи за уред од серијата на која требаше да биде исправена фабричката грешка поради која во првата серија сами се прегреваа и палеа.

Samsung не го коментирал веднаш стопирањето на производството додека изворот не го открил проблемот. Од Samsung за Reuters изјавиле дека ги истражуваат известувањата за проблемите со прегревањето и дека ќе превземат итна акција за да се решат овие проблеми во склад со мерките кои ги одобрила Комисијата за безбедност на САД.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top