Ураганот Метју синоќа го зафати брегот на Флорида, каде остави повеќе од милион луѓе без струја. Системот, кој се уште не го зафатил копнениот дел од САД, беше намален на категорија 3 на скала од 1-5, со ветрови од над 195 км/ч.
Според најновите податоци ураганот Метју усмртил 842 луѓе, а десетици илјади останаа бездомници во најсиромашната карипска држава Хаити, а во петокот ја погоди северната американска сојузна држава Флорида, донесувајќи ветришта со брзина од 230 километри на час кои ја уриваат инфраструктурата и корнат дрвја, како и обилни дождови кои се закануваат со поплави.
Во Хаити, Метју однесе над 840 животи. Обединетите нации предупредија дека ќе бидат потребни неколку дена за да се утврди целoто влијание на Метју во Хаити. Бројот на жртви може да порасне, како што спасувачките екипи ќе пристигнуваат во јужните области кои беа отсечени. Најтешко погодените градови засега можат да бидат пристапени само преку море и воздух.
Локалните власти и ОН проценуваат дека им е потребна помош на околу 350.000 луѓе, а оштетени се над 20.000 домови.
Метју, исто така, е првиот голем ураган во повеќе од последните десет години кој директно им се заканува на САД и поради него таму беа спроведени масовни евакуации на населението од бреговите на Флорида преку сојузните држави Џорџија и Северна и Јужна Каролина.
Претседателот Барак Обама и другите функционери го повикаа населението да биде крајно претпазливо, бидејќи може да се покаже дека Метју е најголемиот ураган кој ја погодил североисточна Флорида во повеќе од 100 години.
„Сакам да им нагласам на сите дека ова е навистина опaсен ураган, дека постои можност од загуби на животи и големи материјални штети. Луѓето мора да ги следат упатствата на локалните функционери следните, 24, 48 и 72 часа“, предупреди претседателот Обама.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град