Референдумот за бегалските квоти во Унгарија невалиден

Владата се пофали со „извонреден резултат“ иако референдумот е невалиден поради излезноста

 |  инфодеск  | 

Во неделата избирачите на Унгарија, којашто според планот на ЕУ за распоредување на 160.000 бегалци, одговараа на прашањето: „Дали сакате Европската унија да донесе одлука за преселување на лица кои не се државјани Унгарија во Унгарија и без согласност на Националното собрание?“.

Според челничката на комисијата, Илона Палфи, врз основа на обработените 98,82 отсто од избирачкиот материјал, одѕивот изнесувал околу 3,2 милиони гласачи. А за референдумот да биде валиден, неопходно беше на избирачките места да излезат најмалку 4,5 милиони гласачи.

„Тринаесет години откако големо мнозинство Унгарци гласаа на референдумот Унгарија да се приклучи на ЕУ, денеска Унгарците повторни се изјаснија за европското прашање. Постигнавме извонреден резултат, бидејќи го надминавме резултатот за приклучувањето“, изјави на прес-конференција унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан најави дека ќе поднесе уставен амандман за да ги озакони резултатите од референдумот, иако тој не е валиден бидејќи одѕивот на гласачите беше под минималниот праг од 50%.

Владата на Орбан се противи на задолжителните квоти за распределба на бегалците, која е осмисли за да се олесни товарот на јужните членки на ЕУ, Грција и Италија, а Орбан во саботата вечерта уште еднаш ги повика гласачите да ја исполнат својата „задача“ и да ѝ помогнат на владата против одлуките на „елитата од Брисел“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top