Насилствата во најголемиот град во Северна Каролина, Шарлот траат веќе две ноќи откако демонстранти се судрија со полицијата по убиството на еден афро американец.
Полицијата тврди дека тој имал оружје и одбил да ги спроведе наредбите на полицаецот, но роднини на убиениот велат дека не бил вооружен, туку дека држел книга, а не пиштол. Во тек е истрага за инцидентот.
Медиумите пренесуваат две различни приказни за трагичниот настан, според едни сведоци Скот бил невооружен и не претставувал никаква закана, додека пак полицијата тврди дека во раката носел пиштол и морале да применат смртоносна сила.
Во судирите полицијата употребила солзавец и гумени куршуми, со цел да ги растера демонстрантите, меѓу кои имало и многу агресивни лица.
Одлуката за воведување вонредна состојба ќе им овозможи на властите да распоредат единици на Националната гарда и сообраќајна полиција, кои ќе и помогнат на локалната полиција да ја контролира ситуацијата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град