Цената на нафтата на светскиот пазар потона за повеќе од 4,5%

Нерамнотежата помеѓу побарувачката и потрошувачката ќе продолжи

 |  инфодеск  | 

Минатата недела цената на нафтата на светските пазари потона за повеќе од 4,5% а се проценува дека нерамнотежата помеѓу преголемата понуда и слабата побарувачка ќе продолжи повеќе отколку што се очекуваше.

На лондонската берза цената за барел минатата недела падна за 4,7%, на 45,77 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 6,2%, на 43,03 долари.

Инвеститорите минатата недела ги поколебала проценката на Меѓународната агенција за енергија (IEA) за острото успорување на побарувачката која заедно со растот на резервите значи продолжување на нерамнотежата која може да трае и во првата половина на следната година.

Дополнително, компанијата Baker Hughes објави дека бројот на бушотини во САД е зголемен во последните 11 недели, а тоа е најдолг период на зголемување на бушотини од 2011 година.

“Голем дел од тие бушотини се последица на покренување на производството на помали оператори, а со цените под 45 долари по барел тоа не е исплатливо, па не би не изненадило бројот на бушотини да стагнира или да опадне”, порачале од компанијата Cowen&Co.

Поради сево ова се очекува нестабилност на цената на нафтата, која поради големото производство и  малата побарувачка, од средината на 2014 година потона од повеќе од 100 долари на помалку од 30 во февруари годинава, најниска во последните 13 години.

Во меѓувреме цените успаеаа да се вратат на ниво над 40 долари по барел, но сега и тоа не е сигурно дека така ќе остане.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top