Утрово нов земјотрес во Италија

Бројот на загинати е 247 и не е конечен, најавена е вонредна состојба

 |  инфодеск  | 

Според податоците на американскиот геолошки институт епицентарот на новиот земјотрес бил на околу седум километри од гратчето Норча со јачина од 4,2 степени на длабочина од 10 километри, пренесуваат светските медиуми.

Илјадници спасители цеа ноќ трагале по преживеани во катастрофалниот земјотрес во кој загинаа 247 лица, а најмалку 368 се повредени, изјавија официјални лица во Италија, а пренесува BBC.
Црниот биланс расте од час во час, а италијанскиот премиер Матео Ренци изјави дека бројката од 247 загинати не е конечна.

Се верува дека многу луѓе се под рушевините, а повеќе од 4.300 спасувачи се обидуваат да ги пронајдат на сите можни начини.

Во хотелот Рим во гратчето Аматриче имало околу 70 гости, а досега се извлечени само седум тела, рекол градоначалникот на тој град кој е меѓу најтешко погодените. Спасувачките екипи во селото Пескара дел Тронто успеале да спасат 10 годишно девојче кое под рушевините било скоро 17 часа.

Меѓу загинатите и повредените нема македонски државјани, соопштија од МНР и упатуваат на информации од македонската амбасада во Рим.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top