Спрема неофицијални информации, како што јавуваат медиумите, загинати се шест луѓе, повикувајќи се на италијанските власти.
Фотографиите кои пристигнуваат од подрачјето од Римини до Неапол не изгледаат охрабрувачки. Епицентарот на земјотресот бил кај градот Акумоли и градот Аматриче во централна Италија. Станува збор за послабо населен дел на апенинската област, но, потресот се почуствувал и во Рим и Неапол, а спрема информациите од Рим зградите се треселе 20 секунди.
Американскиот Геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со сила од 6,2 степени, а епицентарот бил во близина на градот Норчија, во регионот Умбрија. Потресот се случил во 3 часот и 36 минути.
По првиот удар, следеле повеќе силни потреси, а најсилен бил тој во 4.34 часот со магнитуда од 6,2 степени и притоа се забележани големи штети.
Градоначалникот на Аматриче, еден од градовите на епицентарот, рекол за RAI радиото дека е уништен половина град.
“Улиците за влез и излез од градот се отсечени. Половина град е уништен. Луѓето се под урнатините, а дојде и до одрон од кој мостот би можел да се урне”, ијавил градоначалникот Серџо Пероци.
Градоначалникот на Акумоли,Стефано Петручи, за RAI TV изјавил дека е извлечена четиричлена фамилија подурнатините на градот, а се стравува дека бројот на жртви може да расте.
Кабинетот на италијанскиот премиер Матео Ренци соопшти дека спасувачките екипи се испратени во најтешко погодените области.
Претходно, портпаролот на премиерот Ренци на Твитер напиша дека владата е во контакт со Агенцијата за цивилна заштита и оти внимателно ја следи состојбата.
Последниот голем земјотрес што ја погоди Италија се случи во градот Аквила во 2009 година, при што загинаа повеќе од 300 луѓе.
Италија се наоѓа во едно од најсеизмичките подрачја во Европа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град