Ловот на Покемони, лудило или забава

Двајца мажи се спасени пред да паднат во амбис бркајќи Покемони

 |  инфодеск  | 

Дали PokemonGo лудилото бега од контрола или станува збор само за добра забава?

Pokemon Go е достапен само една седмица а веќе успеа да привлече огромен број на играчи, но и огромен профит за Nintendo.

По приказната за момчето кое дало отказ од работа за да оди во потрага по покемони, стигнува уште една од Централ Парк во Њујорк каде фаќањето покемони го сфатиле многу сериозно па настанал прав хаос. Играчите во обидот да го соберат многу реткиот Vaporeon покемон, масовно излегувале од автомобилите, а некои во таа трка не успеале нити да ги изгаснат моторите од автомобилите, предизвикувајќи хаос во сообраќајот.

Сепак хоророт продолжува во Калифорнија каде двајца мажи се спасени пред да паднат во амбис од висина поголема од 15 метри. Играчите во обид да фатат редок покемон ја прескокнале означената ограда зад која било опасно одењето.

Во жарот на играта се нашла и една водителка која за време на временската прогноза на нејзиниот колега, несвесно се прошетала пред камерата бркајќи еден покемон. И додека на водителот тоа му било симпатично и го проследил со насмевка, на гледачите со сигурност може да се тврди дека ништо не им било јасно.

Pokemon Go може да биде забавно искуство, но од Nintendo предупредуваат дека мора секогаш да се биде свесен на околината и на луѓето околу себе. Никогаш не смее да се вози и да се обидувате да бидете покемон мајстор во исто време бидејќи последиците можат да бидат кобни.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top