Монструмот од Ница местото на масакрот го посетил два пати пред нападот

Убиецот, пред нападот, на семејството му испратил огромна сума на пари

 |  инфодеск  | 

Mohamed Bouhlel 31-годишниот Тунижанец кој во четвртокот во Ница со камион усмрти 84 лица и рани уште 200, спрема полициската истрага дава дена пред крвавиот напад го посетил местото на злосторот два пати. Од извори блиски на истрагата во неделата се дозна дека Bouhlel со камион на 12 и 13 јули го обиколувал местото.

Спрема последните информации, пред самиот напад, на непознат број праќал пораки во кои бара уште оружје, јавува CNN.

Иако одговорноста за нападот ја превзеде Исламска држава истражителите сеуште трагаат по докази кои ќе ги расветлат случувањата кои доведоа до тешкото убиство кое Франција повторно ја зави во црно.

Иако некои од неговите познаници тврдат дека бил религиозен, пријателите и роднините велат дека многу пиел, пушел и скоро никогаш не одел во џамија. Сепак, самопрогласената Исламска држава тврди дека бил еден од нејзините војници.

Неговиот брат, Jaber Bouhlel тврди дека убиецот само неколку дена пред крвавиот поход, на семејството во Тунис му испратил 100.000 евра. Иако повремено праќал помали износи на својата фамилија, овој последниот сите ги шокирал. Братот раскажал и дека парите ги пратил преку познаник кој го прокриумчарил во земјата. Вели дека тој работел осум години во Франција и дека тоа било неговата заштеда.

Семејството на Bouhlel е уверено дека Mohamed не бил радикален и додаваат дека тој со години се борел со депресија, а во неколку наврати претрпел нервен слом.

Неговиот татко напоменува дека не бил верник, дека пиел и се дрогирал, а веста за масакрот во Ница сите ги шокирала. Mohamed во Тунис последен пат бил во 2012 година, тврди неговото семејство.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top