Хаос и паника по улиците на Далас, убиени пет полицајци

Петмина полицајци се убиени, а седум се ранети од истрели од снајпер

 |  инфодеск  | 

Пукањето во Далас се случи за време на мирните протести против полициската бруталност спрема црнечката заедница, откако во два дена полицајците убиле двајца афроамериканци во американската сојузна држава Минесота и Луизијана.

Петмина полицајци се убиени, а седум се ранети од истрели од снајпер. Шефот на полицијата во Далас Дејвид Браун рекол дека двајца снајперисти од високи места погодиле 11 полицајци, при што тројца се убиени. Нешто подоцна полицијата објави дека и четвртиот полицаец подлегнал на повредите, но и петтиот кој бил во тешка состојба завршил трагично.

Идентитетот на приведените осомничени напаѓачи не е јавно објавен, а не се познати ниту мотивите за нападот на полицајците. Шефот на полицијата во Далас рекол и дека не се сигурни дали се приведени сите напаѓачи и постои можност некои да се во бегство. Меѓу осомничените снајперисти кои пукаа во полицијата се наоѓа и една жена која е во притвор со уште двајца мажи. Еден од снајперистите сеуште се наоѓа во една гаража, со кого полицијата разменувала оган. При таа прилика шефот на полицијата изјавил дека “со напаѓачот се преговара”, а притoa напаѓачот рекол дека “крајот е блиску и дека ќе бидат убиени уште полицајци и дека поставил бомби” при што на терен тргнале и екипи за експлозиви.

“Се отствари нашиот најголем кошмар. Ова се тешки моменти за Далас”, изјавил градоначалникот Мајк Ролингс.

АР јавува дека при пукањето во Далас е ранета и една жена, случаен минувач, но нејзините повреди не се опасни по животот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top