Иако пазарот на капитал во Велика Британија се опорави по објавувањето на резултатите за излез од Европската унија, валутата која Британците сакаа да ја зачуваат со Brexit, ја губи битката во големата војна на светските валути.
Таа и понатаму во однос на доларот е во минус од 11%, додека еврото во однос на фунтата зајакна за 9,5%. Аналитичарите велат дека тоа не е крајот туку фунтата ќе паѓа и до крајот на годината и ќе вреди 1,25 долари, што е најниска вредност во последните 40 години.
Експертите објаснуваат дека акциите се опоравиле поради тоа што британскиот извоз поевтинил поради падот на валутата па така во иднина се очекува дека ќе расте, но од друга страна на Островото сите европски услуги поскапуваат. Ова се однесува на цела Европа со оглед на тоа дека на граѓаните на Велика Британија парите им вредат една десетина помалку, односно на Британците сѐ им станува поскапо за 10%.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град