Nestle прекина традиција долга 94 години

Компанијата порачала дека најважен сегмент ќе бидат здравствените и нутритивни производи

 |  инфодеск  | 

На изненадување на многумина познавачи на односите во компанијата швајцарскиот Nestle за нов извршен директор го именува Ulf Mark Schneider, досегашен шеф на германската компанија Fresenius SE. Сегашниот извршен директор на прехранбениот џин, Paul Bulcke, заминува на должност претседател на компанијата. На таа позиција Bulcke, кој е во Nestle четири децении, ќе го наследи Peter Brabeck кој следната година заминува во пензија.

Jon Cox, аналитичар за швајцарски акции истакнува дека изборот на Ulf Mark е големо изненадување. “Се очекуваше тоа да биде некој од компанијата”, вели Cox за Wall Street Journal. Имено, во својата 150 годишна историја Nestle немала прв човек надвор од компанијата од 1922 година кога кормилото го превзел банкарот Louis Dapples откако му пропаднала сопствената банка и со тоа компанијата прекина традиција долга 94 години.

За наследник на Paul Bulcke фаворити биле Wan Ling Martello, директор за Азија, Океанија и Африка, потоа Chris Johnson, директор за бизнис и Laurent Freixe, директор на пазарот за Северна и Јужна Америка. Со изборот на Ulf Mark кој доаѓа од компанија од сегментот на здравствени производи, Nestle му порачува на пазарот дека иднината ќе биде во сегментот на здравствени и нутритивни производи.

Аналитичарот на француската банка Societe Generale, Warren Ackerman, изборот на Mark го коментира со тоа дека Nestle “вдишува чист воздух” и дека новиот шеф ќе донесе нови работи за компанијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top