Британија доживеа уште еден удар во финансискиот сектор

Курсот на фунтата во однос на доларот потона за дополнителни 3%

 |  инфодеск  | 

Британија во понеделникот претрпе уште еден удар откако двете водечки светски агенции го намалија кредитниот рејтинг бидејќи сметаат дека одлуката за напуштање на Европската унија ќе му наштети на британското стопанство.

Агенцијата Standard&Poor’s го намали најголемиот “AAA” рејтинг на Британија дури за два степени, на “AA” и предупредила дека е можно понатамошно намалување на рејтингот, а Fitch Ratings го намали пак за еден степен, од “AA+” на “AA” и исто така предупреди на можноста за понатамошно намалување.

Агенцијата S&P соопшти дека резулатот на референдумот би можел да донесе влошување на стопанската ситуација во Британија, вклучувајќи го и нејзиниот огромен финансиски сектор.

При тоа, одлуката на Британците за напуштање на унијата би можела да донесе влошување на ситуацијата во стопанството и до помала предвидливост и стабилност на политичката рамка во земјата, порачал S&P.

Fitch во своето соопштение порачал дека очекува остро успорување на растот на британското стопанство. Сега се проценува дека тамошниот БДП во 2017 и 2018 ќе има стапка на раст од само 0,9%, додека претходно се очекувал раст од 2%.

Намалувањето на рејтингот би можело да доведе до зголемување на трошоците за задолжување на Британија во ситуација кога се очекува ослабување на тамошното стопанство.

Британскиот министер за финансии George Osborne се обиде да го смири пазарот, порачувајќи дека британското стопанство е доволно силно да се носи со нестабилноста по одлуката за излез од ЕУ. Но, и после тоа FTSE индексот на Лондонската берза падна за повеќе од 2,5%, додека курсот на фунтата во онос на доларот потона за дополнителни 3%, на 1,3122 долари, најниско ниво од 1985 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top