Британија најверојатно ќе потоне во рецесија во рок од една година по минатонеделната одлука за излез од Европската унија, а ќе се успори и растот на светското стопанство, порачуваат аналитичарите од Goldman Sachs.
“Очекуваме дека британското стопанство до почетокот на 2017 ќе потоне во блага рецесија”, ги предупредија своите клиенти од инвестициската американска банка Goldman Sachs.
Тие проценуваат дека поради одлуката за излез на Британија од ЕУ стопанството во следните 18 месеци вкупно ќе изгуби 2,75% од БДП, а очекуваат и негативни последици по американското и европските стопанства.
Така во ова соопштението до клиентите Goldman пишува дека и во следните две години очекуваат раст на БДП во еврозоната за просечни 1,25%, додека пред одлуката за Brexit очекувале 1,5%.
Што се однесува до американскиот БДП, аналитичарите на Goldman Sachs проценуваат дека растот во вториот дел од годината нема да биде 2,25%, како што очекувале претходно, туку 2%.
Можноста за слабеење на британското стопанство ја најавува и анкетата на директорот на британскиот институт IoD, кој вели дека скоро две третини од нејзините 1.000 членови порачале дека излегувањето на Британија од ЕУ негативно ќе влијае на нивната работа.
“Мнозинството на бизнис лидерите смета дека одлуката за излез е лоша за нивното работење, а поради тоа многумина ќе се откажат од плановите за инвестиции и вработувања”, вели Simon Walker , директорот на IoD.
На одлуката за излез на Британија од унијата најбрзо реагираа банките. Веќе во петокот инвестициската банка Morgan Stanley порачала дека би можела да премести 2.000 работни места од Лондон во Даблин или Франкфурт, а во неделата и британската банка HSBC порача дека планира преместување на 1.000 работни места од Лондон во Париз.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град