Уапсен е еден од најбараните италијански мафијаши

Тој беше во бегство од 1996 година

 |  инфодеск  | 

Еден од најбараните италијански мафијаши Ernesto Fazzalari, втор човек на калабриската мафија “Ndraghete”, е уапсен денес по 20 години бегство, објавија италијанските власти.

Ernesto Fazzalari (46), кој е во отсутност осуден на доживотна робија, е уапсен рано утрово во зафрлен крај на Калабрија. Тој беше во бегство од 1996 година, а три години подоцна е осуден за мафијашко здружување, киднапирање, поседување на оружје и двојно убиство во конфликт на кланови во кои се убиени 32 лица во неговиот роден град Taurianova помеѓу 1989 и 1991 година.

Италијанскиот премиер Matteo Renzi на социјалната мрежа Твитер се заблагодари на судиите и силите на редот на тоа апсење, а италијанскиот министер за внатрешни работи Angelino Alfano за Fazzalari рекол дека е уапсен еден од најважните мафијаши бегалци и заклучил дека правдата никогаш не може да се избегне.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top