LG направи телевизор кои ги брка комарците

Средство за информирање и забава, но и оружје за борба против комарци

 |  инфодеск  | 

LG очигледно го препознал вистинскиот момент и одлучил да направи телевизор кој ќе биде средство за информирање и забава, но и оружје за борба против незгодни болести. Минатата година во индискиот главен град, Њу Делхи се забележани 16.000 случаи на таканаречената Денга треска која ја пренесуваат комарците. За жал, иако Индија направи голем технолошки исчекор, многу краишта и понатаму имаат проблеми со лошите хигиенски и здравствени услови. За да се помогне оваа година и да се избегне слично сценарио, LG ексклузивно за индискиот пазар одлучи да направи посебен телевизор.

Тој е наречен LG Mosquito Away TV и се работи за класичен LCD телевизор, но во себе има посебен додаток со кој ги одбива комарците.

“ LG Mosquito Away TV е осмислен, дизајниран и направен во Индија, опремен е со таканаречен Ultra Sonic уред и кој кога ќе се активира користи звучна технологија за да ги одбива комарците кои ќе се задржуваат на поприлична оддалеченост. Нема никакви хемикалии, не треба ништо да го полни уредот, а Телевизорот не мора да биде ниту вклучен за да ги брка комарците”,објавиле од индиската филијала на LG.

LG Mosquito Away TV е достапен во две верзии со екран со дијагонала од 80 цм по цена од 400 американски долари и 108 цм по цена од 700 американски долари.

Секако, многумина се прашуваат дали LG, ако овие телевизори се покажат како одлично средство во борбата против комарците, ќе се одлучи истите модели да ги продава и во други делови од светот, но засега нема информации за тоа…

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top