Американска сојузна држава стана шеста најголема економија во светот

Благодарение на економскиот раст ја престигна моќната Франција

 |  инфодеск  | 

Благодарение на економскиот раст и силниот долар Калифорнија во 2015 година ја престигна Франција и стана шеста економија во светот.

Една година претходно Калифорнија беше осма економија во светот, рекла главната економистка во Канцеларијата за финансии на Калифорнија, Irene Asmundson, и додала: “Калифорнија имаше исклучително добра 2015 година”.

Во оваа најнаселена американска сојузна држава се наоѓаат седиштата на компании од различни стопански дејности, вклучувајќи ја Силиконската долина и Холивуд. Во 2015 година бруто домашниот производ на Калифорнија изнесувал 2,46 билиони долари или 4,1% повеќе во однос на претходната година.

Спрема податоците на ММФ, Францускиот БДП за минатата година изнесувал 2,42 билиони долари, а следува Индија со 2,09 билиони долари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top