Откако се смири ситуацијата во Марсеј каде руските и англиските хулигани го демолираа градот во масовни тепачки, нови проблеми од страна на истите навивачи се појавија во Лил. Во средата во овој француски град се одигра средбата помеѓу Русија и Словачка, а пред и потоа дојде до нови конфликти по улиците.
Иако Англичаните играат во четврток во Ленс, многумина од нив се сместени во Лил (раздалеченоста е 23 км) и овој пат спремни ги дочекаа Русите кои со поразот дојдоа во ситуација да бидат елиминирани од Еуро2016. Откако заврши средбата Англичаните продолжија во ловот на руски хулигани кои овој пат не беа во голем број. Лил е блиску до Англија и овој пат во градот пристигнаа голем број на навивачи од кои многумина само со една цел, да се осветат за Марсеј. Да потсетиме дека тепачките помеѓу Русите и Англичаните траат од вторникот навечер.
Сепак сцените од Марсеј не се повторија па англиските навивачи имаа повеќе конфликти со француската полиција отколку со руските навивачи. Секоја поголема група на Англичани ги следеше полицијата која ја имаше во голема бројка, околу 4.000. Да беа така организирани и на југот од Франција, сигурно немаше да дојде до такви нереди.
Минатата ноќ во Лил се уапсени 36 навивачи, но само 16 се поврзани со насилство. Исто така, 16 лица завршиле во болница, без тешки повреди.
Да потсетиме дека УЕФА ги предупреди Русите и Англичаните дека ќе бидат дисквалификувани од натпреварувањето доколку нивните навивачи ги повторат сцените од Марсеј. УЕФА има надлежност за казнување поради инциденти само на стадионите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град