На пазарот тотална доминација на Facebook

Корисниците 80% од времето користат само три апликации кои му припаѓаат на Facebook

 |  инфодеск  | 

Резултатите од истражувањето на компанијата Nomura Research покажале дека мнозинството на корисници на паметни телефони користат само неколку апликации и околу 80% од времето трошат само на три апликации, а тие три се најчесто во сопственост на Facebook.

 Информациите за превземање на апликации на iPhone и Android од минатиот месец покажале дека повеќе од 60% му припаѓаат токму на компанијата на Zuckerberg која на оваа листа доминира благодарение на апликациите на Facebook, Messenger, WhatsApp и Instagram.

Во истражувањето се заклучува дека корисниците превзеле повеќе апликации кои припаѓаат на Facebook од сите останати мобилни апликации заедно.

Во Nomura велат дека е јасно дека Facebook е предводник на пазарот, но напоменуваат дека овие бројки на превземени апликации се сепак помали во однос на претходните месеци и квартали.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top