Новиот руски патнички авион од среден домет кој е претстваен во Сибир, спрема пишувањата на државните медиуми, би требало да биде конкурентен на најголемите светски производители Boing и Airbus, а во многу работи и подобар, па така ќе се најде во руската флота, но и во странски компании, објави Reuters.
На свеченото претставување на авионот МС-21 присуствувал и рускиот премиер Дмитриј Медведев кој изјавил: “Потполно сум уверен дека овој авион ќе биде гордост на цивилното воздухопловство и дека нашите граѓани, како и странците, ќе уживаат летајќи со МС-21”.
Леталото сеуште се наоѓа во тестна фаза, а сериското производство би требало да започне следната година.
Авионот ќе се нуди во две верзии, поголемиот МС-21-300 за 160-211 патници и МС-21-200 кој ќе може да прими од 130 до 160 патници. Спрема извештаите на државните медиуми компанијата Иркут веќе склучила многу договори со домашни и странски компании, а авионите би требало да се испорачаат почнувајќи во 2018 година.
Производителот тврди дека авионот ќе покрие раздалеченост до 6.400 километри, а дека оперативните трошоци ќе бидат 15% помали од оние кои ги изведуваат авионите на денешната генерација.
“Овој авион не е направен од метал, туку од композитни материјали. Тоа ни овозможува да го обликуваме авионот на посебен начин. Тој е полесен и поцврст, што е голем напредок во нашата авионска индустрија”, изјавил потпретседателот на компанијата Иркут, Владимир Волков.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град