Поплавите во Германија однесоа четири жртви

Автомобили, дрва и мебел плутаат наокулу

 |  инфодеск  | 

Поплавите во јужна Германија вчера однесоа и четири жртви, а стотици ученици поради блокирани патишта останале во училиштата за врме на ноќта, објавија германските власти.

Телата на три лица се пронајдени во потопена куќа во градот Симбау ам Ин, додека четвртата жртва е пронајдена во потокот во градот Јулбах, објави полицијата.

Поради обилни врнежи кои паднаа во краток период се поплавени улиците на многу градови на југот од Германија, а водата достигнува и до еден метар.

Автомобили, дрва и мебел плутаат наокулу, а многу куќи се отсечени со водата па нивните жители мораа да излегуваат на покривите од каде се спасувани со хеликоптери.

Баварските власти проценуваат дека штетите од поплавите ќе надминат 10 милиони евра.

Поплавите се последица на големото невреме кое го зафати Германија минатиот викенд, кога за 6 часа паднале 32 литри вода на квадратен метар.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top