Нема договор со Google, а под лупа и други компании

Французите не попуштаат, договор со Google не доаѓа во предвид

 |  инфодеск  | 

Франција ќе се погрижи мултинационалните компании кои работат на нејзина територија да ги подмират даночните обврски, порачал министерот за финансии на Франција Мишел Сапин, наговестувајќи нови истраги по оние кои се спроведени за Google и McDonalds.

“Ќе одиме до крај. Можни се и нови случаеви”, рекол Сапин во интервју за Reuters и три европски весници, исклучувајќи ја можноста за договор со Google.

“Ние не склучуваме договори како Велика Британија, ние постапуваме во склад со законите”, одговорил францускиот министер на прашањето дали е можна спогодба со технолошкиот џин.

Google во јануари на основа на договор со Велика Британија платил 130 милиони фунти на име даночен долг, што предизвика бран на обвинувања на пратениците и активистички групи дека износот е мал.

Пред неколку дена во Франција некулку десетици полицајци го тресеше седиштето на Google во Париз поради истрагата за сомнение за избегнување даночни обврски. Сличен претрес во мај е извршен и во француското седиште на McDonalds.

Извори во министерството за финансии на Франција во февруари рекоа дека Google на основ даночен долг треба да исплати 1,6 милијарди евра.

“Преговори нема да има”, нагласил францускиот министер. Секогаш постои можност за маргинални нагодби “но, тоа не е логиката која ние ја следиме”, додал тој.

Владата во Париз оваа недела објави дека минатата година од само пет мултинационални компании собрале 3,3 милијарди евра на име даночен долг и казни. “Никој не им пречи на големите групации да пристапат и да пријават данок”, нагласил францускиот министер.

Бизнис часописот L’Expansion известил дека минатиот месец даночните власти му доставиле на огранокот на McDonalds соопштение за даночен долг од 300 милиони евра на име добивка за која се смета дека е префрлена во Луксембург и Швајцарија.

Во соопштението се наведува дека даночните власти го обвиниле прехрамбениот џин дека користи филијала со седиште во Луксембург за префрлување на заработката во земји со пониски даночни давачки така што на француската филијала и наплатува премногу за употреба на брендот и останатите услуги. Извори во правосудството потврдило дека се спроведува истрага по основ на тие сомненија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top