Бројни технолошки компании веќе долго време се обидуваат да најдат решение за лозинките кои на корисниците ќе им овозможат поедноставна, но и побезбедна пријава на бројни сервиси како што се електронската пошта, социјалните мрежи, банкарски апликации и слично. Впишувањето на класичната лозинка може да биде рискантно бидејќи луѓето често користат едноставни зборови кои лесно се помнат (и лесно се пробиваат) и истите ги користат на бројни сервиси, што ја зголемува можноста за пробивање во сметките, додека двократната аутентификација на многумина им е напорна бидејќи освен лозинка мораат да впишуваат и посебен код кои го добиваат по пат на смс.
Едно од решенијата секако е користењето на биометриски податоци како што е отисокот на прстите или препознавањето на зениците, а се чини дека во Google го имаат совршеното решение кое до крајот на годината или на почетокот на следната би можело да биде достапно за корисниците на мобилни уреди со Android, а проектот Abacus ќе овозможи безбедно користење на сервисите без впишување на лозинки, пинови, ставање прсти на сензор и слично.
Имено, проектот Abacus цело време собира податоци за навиките на корисникот при користењето на уредот и локациите на кои се користат апликациите, а користи и препознавање на гласот и лицето. Врз основа на сите тие податоци ќе се собираат бодови (trust score) и на основа на тие бодови телефонот или таблетот ќе знаат дека го користи неговиот сопственик. Со оглед дека телефонот ќе знае кој го користи, нема да има потреба за впишување на лозинки на сервисите бидејќи нема да има потреба од докажување на идентитетот. Бројот на тие бодови нема да биде ист за користење на сите сервиси па така за докажување на идентитет при играње игри ќе требаат помалку бодови во однос на пријавување на некоја банкарска сметка. Во случај бројот на бодови да не биде доволен тогаш ќе мора корисникот повторно да користи класична лозинка, сензор за отисок на прсти или слично.
Google оваа технологија веќе ја тестирал на некои универзитети, а од следниот месец ќе почне со тестирање во некои банки, па ако тестирањето помине успешно кон крајот на годината технологијата ќе биде достапна за девелоперите кои ги развиваат апликациите за оваа мобилна платформа.
“Имаме телефони и сите имаат бројни сензори. Зошто овој телефон не би знаел кој сум за да не впишувам лозинки”, коментирал Daniel Kaufman од одделот за напредна технологија и проекти на Google при најавата на оваа технологија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град