Започна офанзива врз упориштето на Исламска држава

“Сега е моментот за одлучна победа и Исламска држава нема избор туку да бега”

 |  инфодеск  | 

“Чукна часот за ослободување на Фалуџа. Сега е моментот за одлучна победа и Исламска држава нема избор туку да бега”, рекол ирачкиот премиер Haider al Abadi во телевизиското обраќање.

Тој ветил дека ирачкото знаме наскоро ќе се вее во Фалуџа, упориштето на Исламска држава кое се наоѓа во покраината Анбара на западот на земјата.

Тој град е во рацете на Исламска држава од почетокот на 2014 година и е оддалечен околу 50 километри од главниот град Багдад и беше прв ирачки град кои го освоија милитантите на Исламската држава. Во рамките на офанзивата авионите како претходница на копнените сили во градот ги бомбардираа целите во градот, објави генералштабот.

Ирачката војска во неделата ги повика жителите да се припремат за напуштање на градот пред почетокот на борбите а фамилиите кои не се во можност да заминат на својот дом да истакнат бело знаме. Спрема нивните податоци дел од жителите избегале по три понудени коридори кои биле претходно подготвени за излегување од градот.

Офанзивата на Фалуџа следеше неколку дена откако ирачката војска со поддршка од коалицијата предводена од САД ја врати контролата над градот Рутба на западот од земјата. Во рацете на џихадистите е уште градот Мосул на северот од земјата.

Во Фалуџа се наоѓаат околу 75.000 жители, спрема официјални ирачки податоци, а пред војната во градот на реката Еуфрат живееле околу 300.000 жители.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top