Победничката песна на Евровизија донесе низа контроверзи

“Вистината која ја говори оваа песна ќе допре до луѓето”

 |  инфодеск  | 

Победничката песна на овогодинешната Евровизија која ја изведе украинската џез пејачка Jamala, под името “1944” е посветена на депортацијата на Татарите од Крим во 1944 година која ја наредил тогашниот советски лидер Сталин како освета поради соработката со нацистите.

Украина, првото место го освои со 534 поени, пред Австралија со 511 и Русија со 491 поен, а Русите важеа за фаворити за првото место.

Победничката Jamala (32), чие вистинско име е Susana Jamaladinova, е прва Татарка на Евросонг, која со многу емоции ја изведе песната посветена на нејзината прабаба која била жртва на депортацијата, а песната со својата политичка тематика предизвика контроверзи и пред самото натпреварување.

Песната говори за депортацијата на скоро цела етничка група од нејзиниот роден Крим во некогашниот Советски Сојуз кој подоцна станал дел на Украина, а од неодамнешните конфликти во кои Русија застана зад проруските бунтовници, Русија го анектираше и предизвика осуда поради кршење на меународните права. Околу 250.000 Татари биле депортирани кон крајот на Втората светска војна во централна Азија, што значело колективна казна за оние кои соработувале со нацистите.

Simon Bennet, челник на интернационалната OGAE клуб на обожуватели, рекол за BBC дека екс земјите на СССР, кои вообичаено гласале за Русија, овој пат пратиле порака гласајќи за Украина.

При превземањето на наградата Jamala во емотивен настап и се заблагодари на Европа и истакнала дека посакува секому љубов и мир, додека подоцна зад сцената својот успех го оценила како фантастичен додавајќи дека била “сигурна дека вистината за која говори во песната ќе допре до многу луѓе”.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top