Европската централна банка (ЕСВ) одлучи до крајот на 2018 година да престане во промет да емитува банкноти од 500 евра со кои најчесто се користат криминалците.
Советот на гувернери на монетарната институција одлучи да го прекине производсвото на банкноти од 500 евра, а дистрибуцијата на преостанатите резерви ќе биде прекината околу крајот на 2018 година, соопшти ECB.
Банкнотата која ја нарекоа Бин Ладен претставува само 3% од бројот на банкноти евра кои се во промет, но 28% од нивната кумулативна вредност, или 300 милијарди евра спрема статистиката на ЕСВ. Вкупно блиску 600 милиони банкноти од овој вид биле во промет во март годинава.
Одлуката е донесена во момент кога Европската унија одлучи да ја засили борбата против финансирање на тероризмот, особено под притисок на Франција.
Банкнотата од 500 евра е највредна во светот и долго време е обвинувана дека овозможува дискретно пренесување на огромни суми и дека на тој начин го олеснува прометот на валкани пари.
Со програмираната смрт на оваа банкнота, Германија и Австрија се незадоволни и стравуваат дека оваа одлука би можела да биде прва етапа на потполно исчезнување на физичките пари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град