Иако на хакерите и сајбер криминалците најважни податоци им се оние за банкарските картички кои ги искористуваат за продажба на разни форуми на dark web или за кражба на пари од сметките, сѐ поинтерени им се и личните податоци за корисниците како што се адресите, датумите на раѓање, имињата на сопружниците, домашните миленичиња…
“Ако имате број на кредитна картичка, име и некои додатни приватни информации кои би можеле да се искористат за погаѓање на лозинката, тогаш можете да дојдете до сите информации до кои сакате”, коментирала за ZDnet Apoline Aiguperse, аалитичарка за сајбер безбедност од компанијата Cybel Angel.
Со кражбата на финансиски информации за корисниците и нивните лични информации сајбер криминалците имаат алатки кои можат да ги искористат за напади не само над обичните корисници, туку и над компаниите и државните институции. Токму поради тоа во последно време на форумите каде криминалците разменуваат и продаваат информации е сѐ поголема побарувачката по лични податоци кои можат да се искористат за бројни измами, уцени и кражба на пари.
Особено е загрижувачки тоа што крималците кои се занимаваат со кражба и продажба на лични податоци стануваат попрофесионални па така на форумите се оценуваат криминалците кои ги продаваат тие податоци, а некои нудат и гаранции, односно повраток на парите во случај на погрешни податоци или информации кои не можат да се употребат. Понекогаш овие криминалци не треба воопшто ни да се трудат за да дојдат до такви податоци бидејќи некои од корисниците на социјалните мрежи објавуваат многу приватни информации.
Безбедносните експерти секогаш повикуваат на внимание – внимавајте на кои страници сурфате и не ги отворајте сомнителните линкови од пораките, користете последни верзии на софтвери и антивирусни алатки за да се спречи некој да ве хакира, но при тоа внимавајте што објавувате на социјалните мрежи и интернет бидејќи криминалците можат да искористат и такви информации за да направат кражба во поштата и компјутерите за подоцна истите ги продадат или злоупотребат.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град