Една фотографија кажува повеќе од она што се мисли за Apple

Постои впечаток  дека Apple Watch не постигнал значајна продажба но…

 |  инфодеск  | 

Apple  е највредната компанија на светот и стои на цврсти темели која има испланирана иднина. Нивните производи станаа сеприсутни, но тоа не било лесно да се постигне. Некогаш порано, Apple беше само мала компанија желна за успех, што на крајот и го постигна.

Моментално Apple не може да се пофали со некоја иновација, но понекогаш за тоа постојат добри причини – технологија која не е спремна за пазарот, производ кој не е доволно добар и слично. Apple отсекогаш бил познат по тоа дека не издавал секоја година нов проивод, пример за тоа е периодот од iPhone до iPad.

Сепак фотографијата кажува повеќе од илјада зборови, односно ако се мисли дека Apple Watch не постигнал значајна продажба. Токму овој производ е продаден во најмногу примероци во првата година на продажбата во историјата на компанијата, а бројката достигна вртоглави 12 милиони уреди.

Ако се анализира 2007 година кога Apple го објави првиот iPhone, продажбата ни одблиску не е на денешните бројки, но следуваа нови и подобри уреди па така се бележеа поголеми продажби и побарувачки.

Следува да се почека и да се види што ќе понуди Apple Watch 2 и дали продажбата ќе ја надмине на оваа од Apple Watch.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top