Bitcoin станува платежна валута во границите на Европската унија

Bitcoin доби лиценца да стане платежно средство внатре во границите на ЕУ

 |  инфодеск  | 

Дигиталната валута наречена Bitcoin со која се прават интернет тргувања во истоимената дигитална платежна мрежа доби важна лиценца од Европската Унија. Имено, министерството за финансии на Луксембург издало лиценца со која се одобрува Bitcoin да стане платежна валута внатре во границите на Европската Унија.

Со оваа лиценца Bitcoin ќе стане валута која ќе може да се применува при проценката на вредноста на добрата и услугите, како и вредноста на останатите физички валути. ЕУ со овој потег ќе добие увид во движењето на валутите, т.е. таа ќе остава свои траги, додека челниците ќе имаат поголема контрола над парите.

Досега платниот систем на Bitcoin се користеше во некои држави, но неговото пробивање се покажа како голем предизвик. Во САД Bitcoin сеуште функционира во некои средини, зависно од финансиските закони во некои држави, но со оваа одлука на ЕУ валутата сигурно ќе земе голем замаф. Ќе биде интересно да се следи како ќе се одрази општо на целата светска економија и класичната размена на пари и добра која досега ја познававме.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top