Почетокот на неделата со остар пад на цената на нафтата

Пропадна договорот за замрзнување на нивото на производство

 |  инфодеск  | 

Цената на нафтата во понеделникот на меѓународните пазари остро падна откако Саудиска Арабија го предвиде обидот на групата водечки производители во Доха да договорат замрзнување на нивото на производство, а со тоа да го ублажат проблемот со прекумерна понуда.

На лондонската берза цената на нафтата за барел падна за 1,25 долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 41,85 долари, додека на американскиот пазар со барел нафта се тргуваше по 1,37 долари пониска цена или 38,99 долари по барел.

Во неделата во Доха се собраа 18 земји извознички на нафта, вклучувајќи ја и Русија, за да договорат замрзнување на производството на нафта на нивото од јануари. Договорот пропадна бидејќи Саудиска Арабија го задржа мислењето дека и Иран треба да учествува во конечниот договор иако таа земја веќе порано истакна дека тоа нема да го направи додека не го достигне нивото на производство од периодот пред санкциите.

“Саудиска Арабија намерно го минираше договорот и беше спремна на неуспех. Тоа сериозно го наруши кредибилитетот на производителите на нафта во целост, а посебно на оние од OPEC”, објави Commerzbank.

Од банката Morgan Stanley потсетуваат дека неуспехот на состанокот го зголемува ризикот од раст на понудата од ОРЕС.

Уште поголем пад на цената спречи, спрема мислењето на трговците, штрајкот на нафтените работници во Кувајт, поради кој проиводството е намалено за 60% и падот на бројот на бушотини во САД на нивото од 2009 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top