Во “Panama papers” и тајни служби

Помеѓу клиентите на Mossack Fonseca и тајни агенти и нивни информатори

 |  инфодеск  | 

Тајни агенти на некои земји, меѓу кои и посредници на американската CIA, користеле услуги на панамската адвокатска канцеларија Mossack Fonseca, која се најде во средиштето на аферата позната како “Panama Papers”, за да го прикријат своето делување, пишува денешниот број на германскиот весник Sueddeutsche Zeitung.

“Тајни агенти и нивни информатори во голема мерка користеле услуги од канцеларијата во Панама. Тие отворале фиктивни фирми за го прикријат своето делување…Меѓу нив се и посредници блиски на CIA”, пишува весникот.

Така, меѓу клиентите на Mossack Fonseca се некои учесници на тајната продажба на оружје на Иран во 80-те, аферата на тајна продажба на американско оружје на Техеран заради ослободување на американските заложници во Либанон и пружањето помош на никарагванската “Kontra”, пишува весникот.

Панамските документи покажуваат дека со услуги од панамската канцеларија се служеле и актуелни и поранешни високи функционери на тајни служби барем на три земји, Саудиска Арабија, Колумбија и Руанда. Меѓу нив е и шеикот Kamal Adham поранешен челник на саудиската разузнувачка служба кој починал во 1999, а во 70-те бил еден од главните соработници на CIA на блискиот исток.

Откритијата од панамските документи поттикнаа повеќе земји да отворат истраги за да ги утврдат идентитетите на лицата во кои се сомневаат за измама и фактите за кои ќе се теретат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top