Во иднина би можеле да се носат паметни контакт леќи како оние кои ги користат тајните агенти во филовите. Samsung објави дека му е одобрен патентот во Јужна Кореја за контакт леќи кои ја проектираат сликата директно во окото на лицето кое ги носи.
Во леќите се наоѓа вградена камера и сензори кои се контролираат со трепкање, а имаат и антени кои содржината ја праќаат на обработка на надворешен уред, како што е телефонот. Давањето наредба со трепкање не е потполно вон границите на возможното бидејќи и на очилата од Google постои додаток кој на корисниците им овозможува фотографирање со трепкање.
Samsung не е единствената компанија која е заинтересирана за производство на паметни контакт леќи бидејќи Google веќе поседува два патенти на контакт леќи со флексибилна електроника и сензори кои ги читаат хемикалиите на солзната течност на окото на лицето кое ги носи очилата и го одредува нивото на шеќер во крвта.
Samsung за овој патент аплицирал во 2014 година, истата година кога Google добил дозвола за патентот во САД.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град