Најмалку 28 германски банки во последните неколку години ги користеле услугите на компанијата Mossack Fonseca која им помагала на богатите да избегнуваат плаќање на даноци, наведува германскиот весник Suddeutsche Zeitung кој ја разоткри аферата “Panama Papers” во соработка со меѓународен конзорциум на истражувачки новинари.
Барем 14 од тие 28 германски банки се вплеткани во глобалниот скандал и учествувале во основањето на повеќе од 1.200 оф-шор компании, а целта им била криење на имот и перење пари, пишува германскиот весник. Во ова предничи Deutsche Bank која основала околу 400 компании, наведува весникот.
Martin Jaeger, портпарол на германскиот министер за финансии Wolfgang Schaeble рекол дека се надева дека поради аферата ќе се зголеми притисокот кон оние кои се занимаваат со финансиски криминал.
“Ова може да биде моментот на поттик да се воведе рестрикција на тие криминални малверзации, но таа пракса не може да се прекине наеднаш со магично стапче”, рекол Jaeger.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град