Францускиот јавен обвинител денес соопшти дека во франција минатата недела е уапсен 34-годишен маж поради сомнение дека планирал нови напади во Париз.
Во неговиот стан во предградието на Париз е пронајден голем воен арсенал од оружје и постојат индиции дека нападот го планирал во блиска иднина.
Уапсениот, се дознава, бил еден од лицата кој имал врска со претходните напади.
Освен арсенал од пушки и пиштоли, во станот на терористот биле пронајдени и хемикалии за експлозиви кои можат да се искористат за правење бомби. Пронајдени биле и пет лажни пасоши, нови мобилни телефони и компјутер во кој се пронајдени податоци за џихадистите, нивните ќелии и упатства за изработки на бомби.
Терористот минатата година, во отсуство, е осуден во Белгија поради регрутирање на борци за Исламска држава во Сирија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град