Пилот на компанијата JetBlue, на кого сеуште не му е откриен идентитетот, успеал во саботата попладне безбедно да го спушти авионот и покрај тоа што пред слетувањето имал проблеми со предното подвозје.
Имено, поради технички проблем предното тркало едноставно не било можно да се отвори и спушти така што пилотот бил принуден да го приземји авионот Embraer 190 на нос.
Како што ќе видите на видео записите на Youtube, тој тоа го направил на најдобар можен начин, но и покрај тоа веднаш интервенирале противпожарните единици поради контакт на авионот со земјата. Сите патници и членови на екипажот авионот го напуштиле неповредени.
Авионот летал на релација Вашингтон – Бахами, а во него се наоѓале 93 патници и 4 членови на екипажот на JetBlue.
На следните линкови може да се види како изгледало слетувањето на JetBlue. Link1, Link2
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град