Во борбата против онлајн насилието Facebook тестира нова алатка која ќе предупредува ако се појави нов профил кој го користи вашето име и фотографија.
Алатката почнале да ја тестираат уште во октомври и веќе е поставена на 75% од корисниците. Ова функционира така што сопственикот на оригиналниот профил ќе биде известен штом дупликатот ќе биде деактивиран, а тој потоа може да го означи тој профил. Инженерите на facebook потоа рачно ги прегледуваат тие двојни профили.
Иако ова можеби и не е толку проблем на Facebook, може да биде голем проблем за оние кои се жртви. Од Facebook рекле дека на округли маси добивале информации дека овој проблем е повеќе изразен кај жените, а особено чувствително е во некои земји каде лажирањето на профили може да има општествени последици.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град