Терористите на Исламската држава кои ги извршија нападите во Брисел, има сомнежи дека планирале да украдат радиоактивен материјал од нуклерната електрана за да направат таканаречена “валкана” бомба. Има сомнежи дека тие имале помош одвнатре поради што 11 вработени се под истрага, пишуваат медиумите.
Да потсетиме, нуклеарката, која се наоѓа на 60 километри од Брисел, била евакуирана нешто подоцна по експлозиите на бриселскиот аеродром и метро. Истражителите се сомневаат дека поради полициските акции и апсењето на Salah Abdeslam, терористите го смениле планот во последен момент и наместо нуклеарката се свртеле кон напади на аеродромот и метрото.
Белгискиот весник La Derniere објави дека браќата Khalid потајно го снимале еден од директорите на нуклеарката, а полицијата ја запленила снимката од 12 часа во претресот на еден од становите кога во Брисел спроведуваа рација по нападите во Париз.
“Кога снимате некого како што тоа го правеле тие, логичен е заклучокот дека тие сакале да го киднапираат тоа лице за да добијат пристап до нуклеарката, односно за да дојдат до радиоактивен материјал”, рекол еден од официјалните лица на белгиската агенција за контрола на нуклеарки.
“Валканата” бомба е многу полесно да се направи од нуклеарната, а за ширење на радиоактивниот материјал се користи обичен експлозив. Но, експертите сметаат дека опасноста од таква бомба за човековото здравје е многу мала така што многу луѓе би настрадале од паника, а не и од самата радијација, пишува Independent.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град