Адел е дефинитивно една од највлијателните личности на шоу-бизнис сцената, па не зачудува што нејзината порака одекна ширум светот.
Славната пејачка ѕвезда која ги руши сите рекорди, Адел, минатата вечер одржала концерт во Лондон. Таа на кратко ги прекинала своите хитови за да се обрати на публиката во салата, но и на сите обожуватели ширум светот. По терористичкиот напад во Брисел, во кој загинаа 34 лица и ја разбесни Европа и остатокот од светот, па така и пејачката почуствувала потреба да прати порака до терористите.
“Е…. се терористи! Ние сме обединети и затоа сме посилни од тие кретени”, рекла пејачката додека обожавателите во знак на поддршка на граѓаните на Брисел со своите телефони ја осветлуваа салата.
Песната “Make you feel my love” Адел им ја посвети на жртвите од нападите во Брисел.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град