Договорот за бегалците помеѓу ЕУ и Турција стапи на сила денес

Договорот за мигранти стапи на сила и започнаа првите проблеми

 |  инфодеск  | 

Приливот на мигранти на грчките острови пред стапувањето на сила на договорот се зголемил и Грција порача дека во овој момент примената на договорот е невозможна бидејќи не се создадени потребните услови како што е необезбедувањето на стручни лица кои тоа ќе го спроведат, пишува AFP.

Грција нема да може да ги праќа бегалците назад во Турција, соопштила грчката влада. Спрема договорот кој минатата седмица беше усвоен од страна на ЕУ и Турција, мигрантите кои доаѓаат на брегот на Грција треба да бидат враќани во Турција каде ЕУ, како што се обврза, ќе изгради бегалски кампови.

Иако грчкиот премиер, Алексис Ципрас, им наредил на официјалните лица да бидат спремни од недела да го спроведуваат договорот, безбедносните сили му одговориле дека Грција не е спремна и дека е потребно уште некое време за припреми.

Во петокот околу 1500 луѓе го поминала Егејско море и дошле на грчките острови. Во саботата  при превртување на еден брод со бегалци се удавило четири месечно бебе, а сето тоа се случувало само неколку часа пред официјалното стапување на сила на договорот помеѓу ЕУ и Турција.

Фотографијата снимена на грчко-македонската граница прикажува очајни луѓе кои поради неможноста за понатамошно патување спрема север кон Европа, подигнале шатори и чекаат што ќе одлучи европската политика за да одлучат како понатаму, а фотографијата е снимена неколку часа пред стапувањето на сила на договорот. Транспарентите со пораки “отворете ги границите” се видливи на секој чекор, а спрема досегашните одлуки, наредбите од овој договор нема да се применуваат на овие луѓе кои во Грција стигнале пред потпишувањето на договорот.

Околу 2.300 лица меѓу кои преведувачи и експерти за безбедност би требало да пристигнат во Грција за да може договорот да се спроведе, но грчките официјални лица велат дека никој од нив сеуште не пристигнал во Грција и затоа договорот не може веднаш да се применува бидејќи клучните детали треба да се разработат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top