Нема крај на скандалите на Volkswagen

VW уништувал документи и ја попречувал правдата

 |  инфодеск  | 

Откако агенцијата за екологија во САД ја обвини компанијата дека направила измама на тестовите за мерење на издувни гасови, поранешен вработен, Daniel Donovan, изјавил дека компанијата уништувала документи и ја попречувале истрагата.

Donovan во случајот против Volkswagen како “свиркач” навел дека неправедно е отпуштен на 6 декември 2015 година, откако одбил да учествува во бришење на документи и притоа истото го пријавил на надлежните.

Donovan работел во одделението на VW одговорно за управување со електронски податоци во ситуации на повреда и одговорност за производите. Во тужбата се наведува дека е отпуштен поради одбивање да учествува во постапките кои би ги оштетиле доказите и ја попречиле правдата во истрагата на ЕРА и министерството за правда на САД.

VW соопшти дека заминувањето на Donovan од компанијата не е поврзано со скандалот со издувни гасови и дека неговото тврдење за неоправданото отпуштање е неосновано.

Donovan, кој работел во канцелариите во Мичиген, навел дека одделението за информациска технологија на таа компанија не престанало да ги брише податоците до 21 септември, па својата загриженост ја пријавил на надлежните органи, се наведува во тужбата. Во тужбата, исто така, се наведува дека Volkswagen го прекршил и законот за заштита на “свиркачи”.

Volkswagen  веќе е соочен со можни казни и до 20 милијарди долари по тужбата на владата поради загадување, како и од стотици тужби од незадоволни сопственици на автомобили.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top