Стотици илјади Сиријци, Авганистанци, Ирачани и припадници на други националности во минатата година ја одбрале западна Европа како безбедно засолниште. ЕУ ги објави најновите податоци кои укажуваат дека бројот на оние кои бараат азил во Европската унија во 2015 се зголемил за двојно во однос на 2014 година.
Мигрантите пропатуваа илјадници километри кон Европа користејќи бродови, возови, автобуси…, а Брисел ја објави конечната бројка која за минатата година изнесува 1.255.600, а за 2014 таа бројка беше 562.680 случаеви.
362.800 се Сиријци и се двојно повеќе од 2014 година, а бројот на Авганистанци е за четири пати поголем од оној во 2014 година.
Повеќе од една третина на баратели на азил се регистрирани во Германија каде бројот на пријави се зголемил за 155%, а земјата која бележи најголем пораст на пријави во однос на 2014 година е Финска со 822% повеќе од 2014 година.
ЕУ во целина бележи пораст од 123%, а повеќе од половина од оние кои бараат азил се од земјите кои се опустошени од војна, меѓу кои се Ирак и Авганистан.
Спрема податоците на Еуростат, кон крајот на минатата година се разгледувале 922.800 пријави, а само во Германија имало 424.800 нерешени барања за азил, пишува Telegraph.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град