Најголемиот саем за мобилни телефони своите врати официјално ги отвора денес, но на вчерашната прес конференција за новинарите Samsung ги претстави новите модели од серијата Galaxy, S7 и S7 Edge.
Секако, моделот Edge доаѓа со закривен екран, а освен тоа моделите се разликуваат и по големината – Ѕ7 со 5,1 инчи, додека Edge е со екран од 5,5 инчи, а на двата модели станува збор за AMOLED екрани со резулуција од 2.560х1440 пиксели.
Телефоните ги покренува процесорот на Qualcomm Snapdragon 820, работат на Android 6,0 Marsmallow, имаат 4GB RAM и 32, односно 64GB меморија, а како што и се најавуваше, моделите имаат простор за microSD мемориска картичка така што со нејзина помош е овозможена надоградба на меморијата до 200GB, што и на најфанатичните корисници би требало да им е доволно.
Новите телефони доаѓаат и со нова, поквалитетна камера со резолуција од 12 MP чии главни карактеристики се поголем квалитет на снимената содржина и побрз автофокус.
Освен овие подобрувања, тука се водотпорноста и зголемениот капацитет на батеријата која се полни бежично.
Уште една интересна опција за која се пишуваше пред конференцијата е “Always on” – на екранот секогаш ќе се прикажуваат основните информации како што е временската прогноза, датум, известувања…освен кога телефонот е в џеб што ќе го препознаат сензорите во новите модели на Galaxy и ќе го исклучат екранот, а на тој начин ја намалуваат потрошувачката на батеријата.
Преднарачките на Samsung Galaxy S7 и S7 Edge се започнати, а нивната официјална продажба ќе започне на 11 март.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град