BitTorrent воведе годишна претплата која од популарниот torrent-streaming сервис ги отстранува рекламите.
По краткиот beta период, сега се достапни две опции (претплати). Пониската годишна цена изнесува 4.95 долари, додека годишната претплата која вклучува Pro опции изнесува 19.95 долари.
Секако, ако се претплатите на Pro пакетот се добиваат повеќе привилегии во однос на поевтиниот пакет. Некои од тие привилегии се заштита од вируси, техничка поддршка и instant streaming. Но, ако се може без наведените привилегии, а не сакате реклами, тогаш може да се одбере поевтината варијанта.
Уште далечната 2005 година uTorrent стана еден од најпопуларните десктоп и мобилен клиент за BitTorrent, peer-to-peer протокол за споделување на датотеки кој BitTorrent Inc. го купи во 2006 година. Во април минатата година, BitTorrent објави дека ја преминал бројката од 100 милиони превземања на мобилните уреди.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град