Следните десет години евтина нафта?

Најголемиот светски независен трговец тврди дека следните десет години ќе има евтина нафта

 |  инфодеск  | 

“Тешко е да се предвиди дека цената на нафтата значително ќе расте во следното десетлетие”, изјавил за Bloomberg, Ian Taylor, извршен директор на американската компанија Vitol. Тој рекол и дека во следните десет години цената на нафтата ќе се движи околу 50 долари по барел.

Неодамнешното истражување на пазарот оценило дека земјите богати со нафта и индустрија на нафта ќе се соочат со најдолгиот период со ниски цени од оној од 1986 до 1999 година, кога цената на нафтата варирала од 10 до 20 долари по барел.

Taylor, 59 годишниот индустријалец, тврди дека проблемот е во количините на резерви. “Премногу се. Иран се врати на пазарот, а Кина, некогаш најголемо подрачје на побарувачка, сега успорува”, рекол Taylor.

Иако нафтените компании се во загуба, компанијата Vitol и уште неколку конкурентски компании како Trafigura Group Pte, Glencore Plc, Gunvor Group, Castleton Commodities International LLC и Mercuria Energy Group, профитираат од овие ситуации.

Имено, овие компании отстваруваат добивка на пазарниот модел познат како contango, кој им овозможува на трговците со нафта чување во резервоари и продажба по повисока цена во наредните месеци.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top