Измените на законот за безбедност на Словенија уште оваа година ќе предвидува вградување на електронски уред кој го блокира стартувањето на моторот ако возачот во организмот има недопуштена количина на алкохол, најавил словенечкиот министер а сообраќај Peter Gaspersic. Министерот измените ги најавил на семинарот за можности за намалување на несреќи во сообраќајот поврзани со конзумација на алкохол, кој е во организација на Европскиот совет за безбедност во сообраќајот одржан во Љубљана.
На семинарот присуствувала и пратеничката на Европската комисија за транспорт Violeta Bulc која на паркингот пред зградата на парламентот извела демонстрација на делувањето на таканаречената “алкохолна брава”.
Bulc седнала зад управувачот на камион од марката Volvo со вграден уред, но успеала да го стартува откако алкотестерот докажал дека не е во алкохолизирана состојба.
Засега законот дозволува вградување на “алкохолни брави” во седум европски држави, а тоа го спроведуваат Шведска, Велика Британија, Холандија и Финска. Она што е интересно е дека токму овие земји се сметаат за најбезбедни во сообраќајот.
Засега, задолжителна употреба на овој начин на контрола е предвидена само во рамките на рехабилитациските програми за алкохолизирани возачи и за посебно чувствителни категории како што се возачите на теретни камиони или училишни автобуси.
Но, постојат мислења дека трендот на алкотестирање на проблематичните возачи постапно ќе се шири и на други категории.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град